✍️ Поднесено барање за промена на член 31 од Законот за полиција со кој на колегите за секоја пријава за кривично дело или прекршок со елементи на насилство по автоматизам им се одзема службеното оружје.
❗️Сметаме дека овие одредби од Законот за полиција го ускратуваат правото на пресумпција на невиност на колегите кои веднаш се подложени на јавен линч, времено распоредувани на места без полициски овластувања, а дури и по добиени ослободителни пресуди истите се упатуваат на задолжителни психијатриски и психолошки прегледи што е апсурд.
‼️ Бараме од Министерот законско решение со предвидување на можност за одземање на службеното оружје само во одредени случаи, но не и обврска за задолжително одземање со што би се спречила злоупотребата на одредбите од законот.