После исклучително долгиот период, го поздравуваме враќањето на спортот во работното време во Одделот за заштита на определени личности и објекти кое впрочем беше и едно од барањата на НСП.
Спортот е нераскинлив дел од полициската професија и придонесува за одржување на физичката подготвеност и менталното здравје, но и за градење на доверба и тимска работа помеѓу колегите, вредности на кои треба да се темели професијата.
✅️ Се надеваме дека и другите организациски единици ќе го следат примерот на ОЗОЛО и спортот ќе биде вратен во сите организациски единици, а колегите ќе имаат можност преку физичката активност да го амортизираат и канализираат стресот од секојдневното работење, како што тоа се правело во минатото кога институцијата се грижела за своите вработени.