Во периодот од 30 мај до 1 јуни 2025 година, во организација на Синдикатот на српската полиција, на Златибор, Р. Србија, се одржува традиционалниот меѓународен настан „Полицијада 2025“. Овој значаен собир обединува повеќе од 1000 учесници, делегации и гости од полициските синдикати од регионот.
✅ Свои претставници покрај учесниците имаат и полициски синдикати од 6 држави од регионот, меѓу кои и Независниот синдикат на полицијата.
Нашата делегација во рамките на Балканската полициска унија ја предводи Генералниот секретар Миле Милески заедно со Трајче Ташков – претседател на СВР Струмица, Стојанче Милев – претседател на прва чета во ЕБР и Драган Неделковски – претседател на СВР Кумановово кои земаат активно учество во промоцијата на НСП и Балканската полициска унија, која станува се повлијателен фактор во регионалното синдикално здружување.
Котизацијата за секој од над 1000 учесници колеги од Р. Србија изнесува 89 евра по учесник, при што во цената е вклучено сместување во еден во хотелите во Златибор и оброк.