Независниот синдикат на затворската полиција и администрацијата при КПУ-Затвор, со подршка од Независкиот синдикат на полицијата и Независниот синдикат на шумска полиција,  денеска излезе на протест.

 

Со автомобили од пред зградата на МРТ, покрај Владата се до Министерството за финансии го изразивме револтот кон институциите кои останаа глуви на нашите барања.

Поради големиот проблем со се помал број на колеги во затворите, бидејќи полицајците ја напуштаат униформата за подобра плата надвор од државата, бараме да се покачи вредноста на бодот на вработените и да се реализираат нови вработувања со можност за преземање на професионални војници по нивното пензионирање на 45 години.

Бараме и да се изедначат платите на сите полицајци и да се надинат проблемите со бенифициран стаж.

Полицајци од затворите ширум земјава придружени од шумската полиција и независниот синдикат на полицијата бараат решение во најскоро време , во спротивно ќе ги радикализираат протестите во Скопје и во секој град каде има затворска и шумска полиција.

ЌЕ ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО ВО ПОЛИЦИЈАТА