Во Битола денеска беше одржан состанок каде што претставник на Независниот синдикат на полицијата беше господинот Горан Ристески. Во изјава за Новост.мк Ристески не информира дека во Апелација Битола, Независен синдикат на судска полиција и администрација- Апелација Битола , формирана е посебна синдикална организација.
По оваа посебна синдикална организација ќе следува и втор состанок каде што ќе се формира и судска синдикална организација во Основниот суд во Битола и таа ќе биде посебна но нема да биде подружница- не извести Горан Ристески од НСП.
Покрај редовните членови во составот се и затворската полиција и администрација, шумската и судската.
По основањето на повеќе синдикални организации ќе биде свикано Генерално собрание на кое ќе бидат избрани идните органи кои ќе бидат назначени.
Исто така ќе се потенцираат и основните цели и заложби на синдикалните организации а на споменатото Генерално собрание ќе бидат и појаснети идните планирани активности.
Снежана Анеска novost.mk