Денес во Тетово, Помошник генералниот секретар Фљорим Алими, Претседателот на СВР Тетово Ердоан Имери и Претседателот на ПС за ГН Попова Шапка Ваљтон Азизи остварија средба со адвокатите Донче Стаменков и Антонио Саздов.
✍️ На средбата беа разгледани и анализирани барањата за правна помош на членовите од СВР Тетово, состојбата со судските постапки и беше направен план за работни посети на организациските единици од западниот дел кој ќе се спроведе на 10 и 11.01.2025 година, веднаш по празниците.