✍️ Денес до МВР доставивме барање за вклучување во работната група за новиот Закон за внатрешни работи за кои секојдневно слушаме разни шпекулации и гласини.
️ Сметаме дека вработените преку синдикатите како засегната страна треба да бидат вклучени во целиот процес што би довело до транспарентна постапка во која работниците ќе ги следат изворно измените и ќе имаат можност активно да се вклучат во подготовката на овој Закон, кој во најголемиот дел се однесува токму на нив.
✅️ Праксата на подготовка на Закони, Колективни договори и останати поздаконски акти зад затворени врати мора да биде заменета со транспарентна и правична регулатива која ќе ги рефлектира реалните потреби со непосредно вклучување на сите засегнати страни.