Вработените во Затвор Прилеп по поднесените барања за изнаоѓање на решение со осудените лица кои се од висок ризик и кои претставуваат огромен проблем и предизвик како за Затвор Прилеп, така и за целиот затворски систем излегоа на протест пред затворот со цел актуелизирање на состојбата и решавање на проблемот.
Бараме изнаоѓање на системско решение и создавање на посебни услови за згрижување на овие лица во затворите, како и целосно надмминување на состојбата која се провлекува подолг период.