Денес до Министерот за внатрешни работи доставивме Барање за итна интервенција околу состојбата со неисправните возила. Проблемот со сервисирањето на неисправните возила кои ги мачат сите организациски единици и долгите тендерски постапки претставуваат сериозна закана за безбедноста и секојдневен предизвик за нормалното извршување на работните задачи.
Дополнително потенцираме дека во одредени организациски единици како ПО Попова Шапка каде нема јавен превоз, работодавачот е должен да обезбеди превоз на колегите до и од работа што веќе одреден период не се случува баш поради посочениот проблем.