Со цел одбегнување на дополнителни трошоци кои би настанале околу евентуални судски постапки, бараме итна исплата на бонус платата за 2023 година на сите припадниците на МВР кои ги исполниле условите.
Дополнително бараме и апелираме на изнаоѓање на соодветно решение за исплата на бонус платата на сите припадници кои оствариле 150 прекувренени часови, а кои поради недореченоста во Колективниот договор им се засметаа слободните денови во отсуства од работа.