По големиот број на забелешки од колегите од Одделот за управни работи, денес поднесовме Барање до Министерство за внатрешни работи за проширување на одлуката за исплата на дополнителна плата за вработените и исплата на дополнителна плата за сите вработени во Одделот.
Сметаме дека донесената одлука не го опфаќа целиот сегмент на работници во Одделот за управни работи кои директно или индиректно се вклучени во процесот на промена на личните документи.
Иако ја разбираме основната цел на одлуката сакаме да укажеме дека сите колеги независно од нивната улога, имаат подеднаква важност. Во процесот подеднакво важни и со зголемен обем на работа се и колегите кои ги обработуваат барањата, кои ги издаваат документите, но и оние кои работат на возила и на техничките прегледи вршат промена на сообраќајните дозволи и ги обработуваат барањата.
Со проширување на одлуката на сите колеги би се зајакнал процесот и би се зголемила довербата и соработката помеѓу колегите, а со тоа и поефикасно би се одговорило на предизвиците од комплексната ситуација во која што се наоѓаме како држава.