Денес до Министерот за внатрешни работи доставивме Барање за распоредување и враќање на колегите од РЦ за ГР Запад по место на живеење кои секојдневно патуваат од Битола до Св. Наум и од Прилеп до Франгово.
Сметаме дека враќањето на оние неколку колеги кои не успеаа да се вратат и останаа да патуваат по 100тина километри и по неколку часови во правец до работното место нема воопшто да влијае на работниот процес на РЦ за ГР Запад, а на колегите ќе им реши егизстенцијално прашање и горчив проблем што се провлекува со години.