Со оглед на фактот дека секојдневно до нас пристигнуваат реакции околу неправилности во постапките во кои беа издадени илјадници решенија по интерни огласи кои беа распишувани со рок од 1 ден, решенија кои се издавани пред да се распишат интерните огласи, решенија со кои се унапредувани лица без исполнување на услови, бараме итна и комплетна ревизија на решенијата кои се изготвени во последните 90 дена и поништување на сите решенија каде што ќе бидат лоцирани неправилности.
Министерството за внатрешни работи како институција која во најголемиот дел е одговорна за спроведување и почитување на законите треба да биде пример останатите. Распоредувањето и унапредувањето мора да се врши во согласност со законите и подзаконските акти, а не по желба, предлог или препорака на одредени политичко-старешински структури што влева не доверба и разочарување од институцијата како кај вработените, така и кај граѓаните.