Во периодот од 23 до 27.05.2024 во Хотел ,,Парк” во Херцег Нови, Р. Црна Гора, во рамките на соработката која произлегува од Балканската полициска унија, тричлена делегација на НСП учествуваше на меѓународна конференција на тема ,,Безбедносен обрач на Р. Црна Гора како туристичка дестинација’ во организација на Независниот синдикат на полицијата – Црна Гора.
На конференцијата покрај синдикатите од регионот беа присустни и Државниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Р. Црна Гора, Началникот на Бирото за јавна безбедност и останати високи фунционери од областа на безбедноста кои како ново раководство на МВР во Р. Црна Гора ни потврдија дека и оваа туристичка сезона ќе бидат ангажирани полициски службеници од регионот вклучувајќи ја и Македонската полиција за обезбедување на туристичките дестинации ширум Р. Црна Гора.
Престојот во Херцег Нови го искористивме и да оддадеме почит со положување на свежо цвеќе и дарување на крв во чест на Милутин Лековиќ – Лека, колега од Р. Црна Гора кој во 2019 година во Херцег Нови го загуби животот при извршување на работните задачи.
Активностите во рамките на Балканската полициска унија продолжуваат со засилено темпо на соработка во повеќе сфери со синдикатите од регионот, додека за нов Претседател на Балканската полициска унија е избран Претседателот на НСП, Мартин Ефремов кој во наредниот период ќе претседателствува со унијата.