Донираната униформа ќе биде испрана, сортирана и поделена на сите колеги на кои им е неопходна. Да ставиме крај на продажбата на употребувана униформа – се вели во апелот од Независниот полициски синдикат.

Поради тоа што веќе подолг период Министерството за внатрешни работи нема набавено униформи, а за некој ден во нашите редови доаѓаат и нови колеги, кои исто така нема да добијат ниту едно парче од униформа и ќе бидат оставени сами на себе, започнуваме со хуманитарна акција за собирарење униформи – најави Независниот синдикат на полицијата.

Сите хумани пензионирани колеги, но и сите оние хумани луѓе кои имаат останато било каква употреблива униформа ќе може истата да ја донираат во канцеларијата на НСП секоја сабота од 10.00 до 12.00 часот. Донираната униформа ќе биде испрана, сортирана и поделена на сите колеги на кои им е неопходна, а доколку акцијата се покаже како успешна истата ќе ја предложиме и на Министерството како идејно решение за да ја спроведат самостојно и во нивна организација. Да ставиме крај на продажбата на употребувана униформа! БИДИ ХУМАН, ДОНИРАЈ УНИФОРМА!“ – се вели во апелот на полицискиот синдикат.

 

Превземано од Плусинфо.мк