По донесената одлука на претседателството на синдикатот, Независниот синдикат на полицијата се приклучува и во целост ги поддржува протестите организирани од ССМ.
Ги повикуваме сите колеги да излезат и да се приклучат на протестот. Се надеваме дека истото ќе го направат и другите синдикати во рамките на МВР затоа што полицаецот заслужува многу повеќе од минималецот кој го добива.