Претседателот на Независниот синдикат на полицајците, Гоце Делчев Тодев изјави дека заврши времето на УПОЗ и останатите полициски синдикати кои, според него, само навидум се бореле за правата на вработените во МВР.

– Министерството за труд и социјална политика ни овозможи процес за добивање на репрезентативност на Синдикатот зад кои стојат голем број вработени во полицијата. Сериозни сме во намерите да ги исправиме грешките и неправилностите кои досега се нанесени врз вработените од МВР, рече Делчев Тодев.

Поддршката од МТСП, Гоце Делчев Тодев, заедно со претставниците од шумската, затворската и редовната полиција ја прославија со шампањ.

Тој напомена дека во планираниот буџет за МВР за 2018-та не е опфатена финансиската помош за шумската, затворската и редовната полиција односно покачување на платите на вработените.

– Ние од НСП ќе доставиме документ односно жалба за исправка на оваа одлука како вработените во МВР би добиле покачување на платите и условите кои ги заслужуваат, рече Делчев Тодев.

Виктор Јованов a1on.mk