Возилата кои се дадени како донација од ОБСЕ и ЕУ за засилување граничната полиција се предаваат на сообраќајната полиција и се возат низ СВР Скопје.
Потребна е итна набавка на сопствени возила од страна на Министерството за да може овие возила да се вратат на службите каде што првично беа наменети, а да се обезбеди непречено фунционирање на другите службите.
Министерството е должно да врши редовни набавки на возила за подобрување на условите за работа на полициските службеници како и почитување на правилникот кој предвидува дека возилата не смеат да бидат постари од 5 години и да немаат поминато повеќе од 150.000 км.