Почитувани членови,

      Со големо задоволство Ве известуваме дека Делегација на Независниот Синдикат на Полицијата предводена од Претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев, Генералниот Секретар на НСП Орце Коцевски, Претседателот на Комисијата за меѓународна соработка Златко Митрејчески и Претседателот на Комисијата за персонален менаџмент Ѓорѓи Мешков присуствуваше на свечената седница по повод 10 години од постоењето на Синдикатот на Полицијата во Словенија, одржан во Полициската академија „Тацен“ Љубљана, Република Словенија.

   Притоа на ден 29.11.2018 година беше потпишан Протокол за соработка помеѓу Независниот Синдикат на Полицијата и Синдикатот на Полицијата во Словенија предводен од Претседателот Кристијан Млекуш. Ова е прв пат Независниот Синдикат на Полицијата да оствари контакт и соработка со Синдикат во рамките на Европската Унија. Поставени се темелите за идна наша соработка и истата ќе се продлабочува во идно време.

        Во име на Независниот Синдикат на Полицијата дадовме огромна подршка во поглед на остварувањето на нивните права и Барање за зголемување на платите за 30 %. Полицијата во Словенија веќе некое време се наоѓа во ШТРАЈК со Барање за покачување на платите за 30% по Полицијата. Преку писмо до Премиерот на Република Словенија пративме силна порака до Владата на Република Словенија сериозно да го разгледа барањето за покачување на платите за 30% на полициските службеници, затоа што веруваме дека колегите од Словенија ќе истраат во нивните барања и за многу брзо време ќе кажат и ќе се пофалат дека се избориле за повисоки плати, бидејќи ДОСТОИНСТВОТО на Полицискиот службеник е најважно пред се како професија.

    Договорено е во иднина Независниот Синдикат на Полицијата да земе учество во некои проекти во кој ќе учествува Синдикатот на Полицијата во Словенија во рамките на Европската Унија за што особено ни е голема чест.

    Исто така првично беше остварена средба со претставник на Хрватски синдикат, Синдикат исто така на една Европска држава и беше договорена идна соработка и продлабочување на односите помеѓу овие два Синдиката.

   

Со почит,

Независен Синдикат на Полицијата