Почитувани колеги од Република Словенија,
Во името на Независниот синдикат на Полицијата, со голема чест и задоволство Ви го честитаме Денот на полицијата.
Вашата храброст и посветеност во носењето на униформата и во секојдневната служба е инспирација за сите нас. Вашата професионалност и одлучност во справувањето со предизвиците се пример за вистинска посветеност кон заштитата на јавната безбедност и сигурноста на граѓаните.
Со искрени честитки за вашата неуморна работа и пожртвуваност, Ви посакуваме многу успех и задоволство во извршувањето на вашите должности.
Со почит,
Независен синдикат на Полицијата