Колку и да сакаат некои синдикати да го да го обојат или политизираат, а други да го присвојат, 1ви Мај не е ден на синдикатите, туку е празник на работниците и треба да се празнува чесно и достоинствено, без политика и поделби.
На Денот на трудот се слави борбата која се води останатите 364 дена од годината и треба да биде празнуван како и секој друг голем државен празник кога граѓаните треба да се обединат и заедно да го празнуваат.
Ги повикуваме сите граѓани, работници, колеги и наши членови 1ви Мај да го одбележиме низ начелото на солидарност заедно со останатите синдикати, невладини организации, граѓански активисти и останати борци.