️ На 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, НСП добива уште една голема битка со која конечно се менува Упатството за работните часови и во кое сега се предвидува дека неработните денови во кои се пренесува празникот кој паѓа во недела (недела во понеделник) треба исто така да се платат како празник.
Ова е еден од основите кои покрај храната, бонусот, должината на приправничкиот стаж итн. успешно го регулираме и повеќе истиот нема да има потреба да се наплатува по судски пат како до сега.
Иако многумина можеби подзабораваат, овие основи кои денес доброволно се исплатуваат беа целосно не познати пред да ги промовира НСП заедно со адвокатскиот тим. Па така имавме приправнички стаж кој траеше и по 13-14 месеци наместо законски предвидените 6 месеци, храна и бонус кои воопшто не се исплатуваа и неработни денови за кои до вчера не се исплатуваше никаков додаток.
Како синдикат ќе продолжиме покрај барањата за повисоки плати и услови за работа да се бориме за почитување на секое право кое е веќе предвидено и кое значително влијае на економско-социјалниот статус на колегите, но и ќе им се заблагодариме на 35% од колегите кои членуваат во НСП и не себично го поддржуваат синдикатот за да секој еден колега ги почуствува придобивките од синдикалното здружување.