Почитувани колеги,
✍️Денес во Хотел Контитентал, Скопје се одржа вториот вонреден конгрес на Независниот синдикат на полицијата кој помина во крајно коректна и демократска атмосфера од кој многу синдикати можат да учат, а на кој од вкупно 155 делегати беа присутни 137 делегати со право за глас.
✅️ За кандидатот Гоце Делчев Тодев гласаа вкупно 31 делегат,
✅️ За кандидатот Мартин Ефремов гласаа вкупно 106 делегати со што истиот е избран за нов претседател на НСП.
Следи период на примопредавање на функциите и промени на податоците во Министерството за труд и социјална политика и Централниот регистар.
Благодариме на досегашниот претседател и основач на НСП за досега направеното и тој останува почесен претседател, продолжуваме понатака посилно по истиот пат, а на новиот му ја честитаме функцијата со желби за искрена синдикална борба.
 

no images were found