Во периодот од 08 до 09.05.2023 година од страна на помошник генералниот секретар Мартин Ефремов и адвокат на НСП Антонио Саздов посетени се повеќе организациони единици и во низа одржани состаноци констатирана е следната фактичка состојба:

1. ПС за ГН Маздрача, објект во солидна состоја која е задоволителна за нормално одвивање на работните задачи, многу непристапна патна инфраструктура до самиот објект за која полициската станица нема соодветни возила. Мометално користат само едно возило кое им е дадено на послуга. Потребна е набавка на специјални теренски возила за специфични терени.

2. ПС за ГН Стрезимир, објект во страшно лоша состојба кој воопшто не ги задоволува ниту минималните услови за нормално функционирање на објект кој се нарекува полициска станица. Колегите се свесни за крајно лошите услови и покрај се имаат скромно побарување за набавка на душеци, зошто тие што се користат се три делни од ЈНА и се полни со болви…

3. ОВР Дебар, објект во пристојна состојба, потребно е поголемо влијание на подобрување на меѓучовечките односи од страна на раководниот кадар.

4. ПС за ГП и ГН Блато, објект на кој се потребни одредени зафати за подобрување на условите.

5. ПО Велешта, објект во субстандардни услови. Фекалии од тоалетите течат низ самиот двор пред скалите и мора да се премине преку вировите за да се влезе во објектот. Тоалетите се во катастрофална состојба.

6. ПС за ГП и ГН Св. Наум објект во солидна состојба, потребна е поголема мотивација на вработените кои ретко имаат прекувремени ангажмани.

7. ПС за ГН Ќафасан, објект кој е во најава за реновирање. Кабините се поставени на спротивна страна (од страната на совозачот), вработените предложуваат измена и промена со цел поедноставување и олеснување како на колегите така и на граѓаните кои ја преминуваат границата. Вработените моментално бараат единствено нови столици.

8. ПС за ГН Франгово, неколку помали објекти во кои е потребна инвестиција, затекнати колеги приправници кои се со место на живеење во Прилеп и секојдневно патуваат. Потребно е изнаоѓање решение за решавање на нивното прашање.

9. ПК Делогожди, објект крајно запоставен и не искористен, затрупан со одземени предмети од голема вредност. Автобуси, џипови, моторцикли, четирицикли кои се буквално истурани од камиони. Никаде не се води евиденција какви предмети има и колкав е нивниот број. По кажување на колегите во објектот на горниот спрат се чува и поголема количина на марихуана која е единствено позади заклучени дрвени врати. Објектот се обезбедува од 1 УПС без покритие од видео надзор со што колегите се изложени на огромен ризик. Колегите физиолошките потреби ги извршуваат околу влезот на објектот зошто во објектот нема тоалети.

10. Меѓународен Аеродром Охрид – колегите се сместени во времен објект (контењер), поставен надвор од аеродромот стар 20 години. Немаат обезбедено ниту вода ниту тоалети, нема ниту простор ниту услови за нормално функционирање за формата на ,,полициска станица”. Потребно е итно изнаоѓање на решение.

11. ОВР Гостивар, објект кој не е добро одржуван во кои се задржуваат сите лица од полициските одделенија. Колегите се ангажираат прекувренено, но сите часови им се платени и генерално се задоволни од менаџментот.

ОПШТИ ЗАБЕЛЕШКИ
Вработените кои исполнуваат услови за бонус плата која требаше да се исплати до 15ти Март веќе започнуваат да поднесуваат тужби. Скоро сите вработени веќе е пракса своите права да ги остваруваат преку судовите, потребно е итно решение од МВР за намалување на оваа појава, но се дотогаш НСП со своите адвокати ги охрабрува колегите да си ги остваруваат своите права на овој начин. Како за храната, разликата во плата, бонусот итн.

За секоја точка од наведеното како синдикат ќе поднесеме поединечни барања до надлежните институции.