✍️ Денес до Министерот за внатрешни работи како репрезентативен синдикат на ниво на работодавач поднесовме Иницијатива за формирање на работна група за изработка на нов Колективен договор.
❗️Како синдикат во чиј состав членуваат околу 30% од вработените сметаме дека досегашната пракса на потпишување на договорите зад затворени врати од страна на еден човек мора да биде заменета со јавни и транспарентни преговори во кои вработените точно ќе знаат што синдикатите преговараат во нивно име, а преку пошироки јавни дебати ќе може да дадат и свои предлози и идеи.
Искрено се надеваме дека новото раководство на Македонскиот полициски синдикат нема да продолжи да биде главен кочничар на процесите во Министерството, а вработените во полицијата конечно ќе добијат нов модерен и европски колективен договор.