Од 15 до 17.08.2025 година во Битола, НСП ќе организира меѓународна конференција на тема: ,,Синдикално заложништво”.
На конференцијата активно учество ќе земат претставници од полициските синдикати од земјите од регионот, претставници од Комисијата за заштита и спречување од дискриминација, Државниот инспекторат за труд, претставници од Основните и Апелациони судови, претставници од МВР, а ќе биде доставена покана и до претседателот на Македонскиот полициски синдикат.
✍️ Заклучоците од Конференцијата ќе бидат јавно објавени и доставени до МВР како патоказ за темелна и суштинска синдикална либерализација.
⛔️ Членството во синдикат е избор, а не обврска!