Соопштение

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на Независен Синдикат на Судската Полиција и Упоз, го потпиша правилникот за зголемување на платите на Судската Полиција. Со ова се решава долгогодишниот проблем на овие службеници кои бараа зголемување на платите. Потпишувањето на правилникот е резултат на повеќе месечните преговори.
Со него се предвидува процентуално зголемување на платата на во зависност од тоа во кој суд работат службениците. Зголемувањата изнесуваат од 8%, 13 и18%. Најголемо зголемување добиваат Основниот Кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.
Министерот Маричиќ на Независен Синдикат на Судската Полиција и Упоз им се заблагодари за конструктивниот дијалог, потенцирајќи дека Министерството за правда се залага за севкупно подобрување на стандардот и условите во кои работи Судската Полиција.
Претставниците на Независен Синдикат на Судската Полиција и Упоз изразија благодарност и задоволство што после многу апели и протести конечно се реши нивниот проблем. Тие на министерот му ја пренесоа пораката дека ова за нив е значаен чекор, на кој гледаат како на конкретен чекор за решевање на нивните проблеми.
Со почит,
Претседател на НССП
Владимир Литовски