Иако никогаш не сме добиле поддршка на ниту еден протест за повисоки плати каде се води вистинската борба, НСП дава јавна поддршка на писмото со кое МПС обично овој период од годината, еднаш годишно бара 20% повисоки плати за полицијата!
️ Дополнително уште сега најавуваме поддршка на протестот или штрајкот кој тие би го организирале за повисоки плати, а доколку не им е познатно им укажуваме дека согласно член 127 од Законот за внатрешни работи бодовите и додатоците на плата ги утврдува Министерот во согласност со најбројниот репрезентативен синдикат за што сега ќе имаат можност да не се согласат.
Воедно сакаме да им порачаме на сите колеги дека НСП е секогаш на страната на полицаецот и единствено воден од неговите интереси, а кога ние ќе бидеме најбројниот репрезентативен синдикат ќе имаат можност наместо писма со молби кој завршуваат во корпите за отпадоци, да го видат првиот штрајк во полицијата и вистински јасен став на синдикатот.