Независниот полициски синдикат од Куманово, денеска во меморијалниот центар Пелинце организираше спортски синдикални игри.
Учесниците се натпреваруваа во фудбал, кошарка и пикадо, а најдобрите добија благодарници.
“Целта на овој настан е подигнување на свеста за потреба од спортски активности, како и потребата од што повеќе спонтани и неформални собири на нашата фела. Поради тоа што сме претставници на Независниот полициски синдикат, денот го искористивме и да размениме информации за тоа со какви проблеми се соочуваат колегите во различни полициски станици. Се надевам дека овој настан ќе прерасне во традиција, со поголем број членови. Исто така ја користам оваа можност да им се заблагодарам на сите што несебично помогнаа за подобра организација на денешниот настан”- изјави Драган Недељковски, претседател на НСП СО Куманово.
На спортските синдикални игри учествуваа претставници од НСП Куманово, НСП гранична полиција-кумановски регион, НСП Кратово и други гости.
Текстот е превземен од kumanovonews.mk