Денес членови од Независниот синдикат заедно со Претседателот Гоце Делчев Тодев беа во посета на нашиот колега во Кумановската болница каде му посакаа побрзо закрепнување и враќање на работа.
Претседателот се обрати и до медиумите при што најостро го осуди синоќешниот напад на нашиот колега на протестот на граничниот премин Табановце кој професионално ја извршуваше својата службена должност.
Повика на смиреност и почит кон полициските службеници, кои се на должност и постапуваат така како што налага Законот.