Во рамки на планираната работна посета на организациските единици од западна Македонија, делегација на Независниот синдикат на полицијата положи свежо цвеќе на Мечкин камен и на гробовите на илинденците во црквата Св. Недела во Битола.
Овој ден не потсетува на храброста, жртвата и стремежот за слобода на илинденците и асномците, кои се вградија во темелите на нашата држава.
Денес, како чувари на редот, правдата и безбедноста, ние ја продолжуваме нивната борба – борба за достоинство, правда и еднаквост.
Нека Илинден ни биде потсетник дека заедно и со силна волја можеме да изградиме подобро утре.