Денес Претседателот на НСП Мартин Ефремов, Генералниот секретар Миле Милески, членот на претседателството на НСП Томислав Павловски и адвокат Антонио Саздов на планината Серта ги посетија и донираа ладна вода на колегите кои секојдневно учествуваат активно во гаснењето на пожарите и даваат надчовечки напори за да се спаси барем дел од непроценливата штета која е нанесена на природата.
Ова се само дел од хероите кои секојдневно ги доведуваат својот живот и здравје во опасност и се пример за професионалност и пожртвуваност, а за кои се надеваме дека Министертството ќе обезбеди соодветена награда која би била само една мала благодарност за тоа што секојдневно го прават за граѓаните и угледот на нашата служба.