Веќе не бараме почитување на законите од страна на Министерството, од денес бараме да се произнесат Министерот и Јавното обвинителство и да кажат кој ќе преземе одгворност и кој ќе одговара за незаконското работење на МВР сиве овие години, како и за штетите што се нанесени врз вработените од ваквото работење, истакна помошник генералниот секретар Мартин Ефремов
 
Оваа состојва се повеќе наликува на 2016 година, кога на тогашниот Технички министер, а сегашен Министер му ги укажувавме сите овие работи и се додека ние сме надвор како репрезентативен синдикат, оваа држава ќе тоне почнувајќи од Министерството за надворешни работи завршувајќи со Министерството за внатрешни работи изјави претседателот Гоце Делчев Тодев на денешната прес конференција.