‍♂️ Како единствен и вистински полициски синдикат кој оваа година организираше не еден, туку два полициски протести кои за жал не беа поддржани од ниту еден друг синдикат мораме да го појасниме следното:
✊️ Работничките права и зголемувањата не се бараат преку ливчиња и писма, туку преку континуиран јавен притисок и преку улица. Се додека ова не го разбереме сите и си тераме политика наместо синдикализам многу ќе ни бидат и 5% зголемување.
⛔️ Колегите да не очекуваат никакво зголемување пред новата систематизација, затоа што апсолутно не е точно дека со новиот Закон за внатрешни работи ќе добијат 20% од месец Март или некакво зголемување на регресот за годишен одмор. Големите и лажни очекувања, носат единствено уште поголеми разочарувања.
✍️ НСП како вистински синдикат кои секогаш е на страната на колегите ги поддржува и во иднина ќе ги поддржи сите барања на останатите синдикати за повисоки плати и подобри услови за вработените во полицијата, но вистинската промена колегите единствено ќе ја видат кога масовно ќе го поддржат НСП да стане мнозински синдикат. Само тогаш на колегите и синдикатите ќе им покажеме како се организира штрајк, исто како што покажавме како се организираат протести!
Дотогаш од останатите синдикалци очекуваме барем по некоја прес конференција, телевизиско гостување, а зошто да не и протест на кој што ние ќе ги поддржиме, иако од нив никогаш не сме добиле поддршка. Во последниве две години освен НСП другите 5 синдикати постојат само на хартија.