Почитувани колеги, пријатели и поддржувачи на Независниот синдикат на полицијата. Сакам јавно да ви се заблагодарам на сите вас, на колегите од Сојузот на синдикати – 5та СИЛА и на колегите од Балканската полициска унија кои вчера несебично ни ја додоа поддршката и ни помогнаа да целата држава ја слушне и разбере нашата порака.
️ За прв пат во работен ден и во работно време успеавме да направиме исклучително квалитетен протест многу поголем и помасовен од сите досегашни. Свесни сме дека доколку беше за викенд ќе беше многу помасовен и ви благодарам на сите вас што се јавивте, ни ја дадовте поддршката и ни се извинивте за отсуството поради работните обврски.
Пораката врз институциите кога во нив се тие на кои им се обраќаме носи многу поголем ефект одколку во неработен ден и тоа вчера го видовме на дело кога Скопската апелација ретерираше од нивните ставови и пренесе дека основот на предметите не е спорен, а предметите биле укинати единствено поради утрдување на висината на износите.
✊️ Ова е голем успех не само за Независниот синдикат на полицијата туку за секој еден вработен во МВР. Ова е голем успех и за синдикалното движење во државата затоа што покажавме дека постојат синдикати кои водат искрена борба за правда на работниците. Синдикати кои не се борат за фотелји и фунции и кои не им е страв да го дигнат гласот.
⛔️ За сите тие останати ,,синдикати” што вчера не беа и не застанаа до нас, а поради кои работниците главно ја губат довербата во синдикалното движење ќе им кажам само АРАМ ДА ВИ СЕ ЧЛАНАРИНИТЕ, како и тоа дека НСП во наредниот период нема да се откаже и повлече од идејата за ослободување од синдикалното заложништво и доброволното исчленување на работниците од синдикатите.