Согласно одобрениот план за активности за 2024 година за поддршка на идното градење на професионалните капацитети на Одделот за судски и дисциплински постапки во МВР, заврши обуката за начинот на спроведување на дисциплински постапки која беше организирана од страна на ОБСЕ во соработка со МВР, која се одржа во Хотел „Сириус“-Струмица во периодот 01-05.04.2024 година.
Учество на обуката зедоа и нашите синдикални претставници Слободан Стоилковски и Далина Наќева Потурак.