Денеска е одржана првата средба со Министерот за внатрешни работи во техничката Влада.
На средбата стана збор за соработка на Независниот Синдикат на Полицијата и Министерството,се со цел подобрување на безбедноста на граѓаните ,професионост при постапувањето како и строго почитување на законските одредби.
Воедно на средбата беше побарана поддршка во поглед на справување на состојбата со изготвувањето и издавањето на патните исправи,при што Министерот рече дека ќе се заложи за сите оние полициски службеници кој што доброволно ќе се пријават за справување со оваа веќе настаната состојба во Министерството,да истите бидат еднократно наградени со една
плата.
Од наша страна беше побарано почитување на законите во поглед на Репрезентативност на Синдикатот,како и задршка на плата основно право на секој вработен во Министерството и Државата.
Истиот јавно ни нагласи за намерите на Министерството кој што како што тој кажа,би биле чесни и искрени намери за подобрување на работата на министерството во целост,како и тоа дека тој лично ќе биде партнер на синдикатите со цел да се зајакне достоинството на полициските службеници кои треба да бидат сервис на граѓаните и гарант за безбедноста на државата.
На крајот на средбата беа разменети контакти помеѓу Министерот за внатрешни работи и Претседателот на НСП и беше договорено дека сите комуникации со синдикатот ќе се реализираат помеѓу кабинетот на Министерот и Генералниот Секретар на НСП.