Денес во просториите на Центарот за обука на МВР беше одржана седница на претседателство во проширен состав.
На седницата акламативно беше одобрен финансискиот извештај за 2023 година и беше утврден датумот 06.04.2024 година, како датум за одржување на вонреден Конгрес на НСП.
НСП влегува во интензивен изборен период во кои на следната седница на претседателството која ќе се одржи на 10.02.2024 година ќе бидат предложени и усвоени актите поврзани со спроведувањето на Конгресот, за што сите членови ќе бидат навремено известени.