Утрово во Охрид имав можност да ги отворам вторите по ред синдикални спортски игри „Независна полицијада“ во организација на Независниот синдикат на полицијата.
Се работи за дводневен спортски настан на кој над 400 полициски службеници и гости од странски делегации ќе се дружат и натпреваруваат во разни спортски дисциплини.
Независниот синдикат е еден од репрезентативните синдикати на македонската полиција, член на Балканската полициска унија и Сојузот на синдикати „Петта сила“.
Негувањето на спортскиот дух, запознавањето и дружбата преку доза на здрава и професионална компетитивност се исклучително важни вредности кога се работи за една професија како што е полициската, која во себе носи висок степен на општествена одговорност.
На учесниците им посакувам добар успех и резултати на спортските игри со увереност дека овој настан во иднина ќе добива на масовност, квалитет и меѓународна афирмација.