На ден 27.05.2016 година во хотелот „Континентал“ во Скопје се одржа Вонредното собрание на НСП. Покрај запознавањето со претседателите на Основните синдикални организации на истото беше донесена одлука за донесување на нов Статут на НСП.
Од страна на претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев на Моника Наумова и беше доделено признание за ПОЧЕСЕН ЧЛЕН на НСП заради придонес во програмата и развојот и целите на НСП, додека на Љупчо Миланов му беше доделена БЛАГОДАРНИЦА.
Меѓудругото од страна на претседателот Делчев беа дадени насоки на понатамошно синдикално делување.