Во канцелариите на НСП во Скопје, одржавме состанок со припадниците на ЕБР, ги поставивме основните барања и ја договоривме динамиката на делување со цел нивно остварување и вметнување во новиот Колективен договор.
Враќање на загубените додатоци за време на боледување за припадниците на ОСПО,
Задржување на додатоците на плата во целост по поминати 20 ефективни години за припадниците кои го напуштаат ОСПО,
Надминување на состојбата со евидентирањето на слободни денови и сметање на истите за отсуство од работа,
Пресметување на зголемувањето од 45% на прекувремената работа со кое ќе се отрстрани досегашниот апсурд на зголемување единствено на основната плата, а не и на прекувремената работа.
Спецификата, посветеноста и пожртвуваноста на припадниците на ОСПО, како и ефектите од нивното постоење е нешто што секогаш го забележуваме во најризичните и најкомплексните задачи, а истите заслужуваат посебно внимание како од синдикатите така и од Министерството.