Денес во касарната Ѓорче Петров одржавме состанок со припадниците од Единицата за брзо распоредување и адвокатите на НСП Дончо Стаменков и Антонио Саздов.
Како синдикат изразуваме осуда и жалење за јавниот линч на Единицата во врска со поднесените кривични пријави за наводна злоупотреба на патните трошоци.
Бараме од Министерството, но и од медиумите почит и признание за жртвата која овие колеги ја дале и секојдневно ја даваат за државата, а со оглед на тоа фер и правична постапка која треба да ја докаже вината доколку ја има.