Вчерашниот случај на опожарување на возило на колегата вработен во Единицата за недозволена трговија е дефинитивно аларм за пренесување на проблемот со опожарувањето на десетици возила на затворската полиција кон вработените во Министерството за внатрешни работи.
Непреземањето на мерки за расчистувањето на овие случаи во последните неколку години доведе до охрабрување на сторителите, а резултатот го гледаме денес со второто опожарено возило на колега овој месец.
По отпочнувањето на преговорите за нов колективен договор, ќе предложиме прифаќање на штетата од страна на Министерството нанесена врз имотот на вработените како последица од нивното работење.
Само на овој начин вработените ќе останат мотивирани да се спротистават и пркосат на криминалците без притоа да се колебаат дека можеби ќе го загубат она што чесно со години и со пот го спечалиле.