Денес во Министерството за внатрешни работи на Р. Словенија во Љубљана, претставници од Независниот синдикат на полицијата, Владимир Литовски – Помошник генерален секретар и Никола Гаговски – член на претседателството остварија средба со Генералниот директор на полицијата во Р. Словенија Сенад Јушиќ и со претставникот од министерството за односи со синдикатите.
✊️ Ефектите од здружувањето на синдикатите во силна Балканска полициска унија преку солидарност и поддршка се гледаат низ почитта и можностите за размена на информации и искуства помеѓу Министерствата во земјите од регионот.
✅️ Како Независен синдикат на полицијата и понатаму продолжуваме со градење и негување на партнерствата како домашни така и меѓународни со кои заедно растеме и се развиваме во сериозен и меѓународно признат бренд.