Во рамки на дводневната посета на организациските единици од СВР Охрид и РЦ Запад остваривме работен состанок и со колегите од одмаралиштето на МВР во Охрид.
Овие колеги во време кога угостителството бележи сериозно високи плати, секојденвно даваат надчовечки напори за да го зачуваат и одржат на одредено ниво одмаралиштето кое некој пат беше симбол на МВР, а работат за минимална плата која со години им беше исплаќана без додатоци за викенд, празник, прекуврмена работа…
✅️ Иако како синдикат успеавме да ставиме ред во пресметката и исплатата на платите потреба е сериозна интервенција и зголемување на платите, но и сериозен пристап и инвестиција во објектите за да повторно се врати основната функција за достоинствени сместувачки капацитети за вработените.