Како Независен синдикат на полицијата го поздравуваме денешното покачување на платите за вработените во МВР, иако сметаме дека полицијата беше долги години заборавана, испуштана и маргинализирани со покачувањата така што ова разлика ќе надомести само мал дел од тоа што вработените реално го заскужуваат.
Во време кога трошоците за живот значително се зголемуваат НСП нема да застане тука со барањето за повисоки плати затоа што сметаме дека во 2025 година мора да има дополнително зголемување на платите ако сакаме професионална и мотивирана полиција.
+10% е повеќе од 0, но тоа мора да е само првиот чекор кон усогласувањето на платите на полицијата со платите на останатите безбедносни служби и органи на државната управа.