Почитувани колешки и колеги,
Како синдикат, постојано се стремиме да бидеме два чекори пред сите. Да носиме иновативни решенија, да се адаптираме на современите текови и да одговориме на реалните потреби на нашите членови. Затоа оваа година, класичните дводневни спортски игри кои ги организиравме во Охрид ги заменуваме со првиот тридневен полициски камп кој ќе има за цел наместо класичните спортски натпреварувања да воведе спортско-друштвени игри кои ќе придонесат за унапредување на тимската работа, координацијата, мотивацијата, моториката и солидарноста на учесниците, a кои се од огромно значење за нашата професија.
Сместување:
Хотели со 4 ⭐ три дена на база на два полупансиони (доручек и вечера)
– Hotel Sunrise Bansko
– Hotel Mountain Paradise Bansko
Организиран превоз од поголемите градови во Македонија.
Котизација за обезбедување на присуство:
*999 денари по учесник.
Можност за плаќање на 3 рати од по 333 денари, со задршка од плата;
Остатокот од сумата 5.518 денари по учесник го покрива Синдикатот.
*Во цената нема скриени трошоци, истата е симболична затоа единствената цел е обезбедување на присуство на пријавените учесници и вклучува: превоз, сместување, туристичка такса, користење на сите содржини што ги нудат хотелите без доплата (спа, базен и сл.).
Цели на кампот:
✅ Јакнење на полициската солидарност,
✅ Поврзување и размена на искуства,
✅ Тимски игри, физички активности и рекреација,
✅ Дружење и забава во прекрасна планинска атмосфера.
‼️ Важно:
Краен рок за пријавување до 15.08.2025;
За пријава учесниците е потребно да се членови на НСП најмалку 3 месеци пред објавата на овој повик, да се пријават кај своите претседатели и да извршат уплата;
Пријава се врши преку претседателите на синдикалните подружници и организации;
Уплата се врши вирмански во агенцијата BALKAN FUN Macedonia.
Ова не е само патување, туку заедничка мисија за солидарност, сила и енергија.
Бројот на места е ограничен на максимум 10% од членовите на синдикалната организација – пријави се навреме!
ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ И ИНФОРМАЦИИ:
Генерален секретар на НСП
Миле Милески
078/415-891