Денес пред ОЈО ГОКК на најавениот полициски собир го пренесовме гласот на полицаецот и револтот кој со години се таложи кон оваа институција. Оваа институција која од сиот организиран криминал и корупција кои ги имаме во државата, единствените виновници за сѐ ги гледа во нас, однесувајќи се како џелати и непочитувајќи го начелото на пресумпција на невиност.
✅️ Побаравме формирање на специјализирано Одделение за гонење на судии и јавни обвинители во рамките на ОЈО ГОКК по истиот принцип на одделението за гонење на полициски службеници, па конечно да почнат да се бават со вистинскиот организиран криминал. Да започнат од своите редови, да продолжат со корупцијата во судовите што се до нив, а потоа да се позанимаваат и со Државната комисија за одлучување во втор степен, која иако има законски рок за одговор во 15 дена, веќе 6 месеци одбива да донесе одлука по приговорите на колегите за решенијата за мирување на работниот однос.
⛔ Ние воопшто не сакаме да ја попречиме правдата, но таа не смее да биде селективна. Смачено ни е да гледаме репризи на 27 април, каде тој што ги отвори вратите во Собранието помина без одговорност, а нашите колеги се сѐ уште по затворите.
Симболично и демонстративно им ги одложивме нашите значки, затоа што веќе ни е смачено да чекаме кога ќе нѐ апсат и ќе ни ги земат. Им порачавме дека повеќе не се плашиме и дека од утре започнуваме со кривични пријави против секој еден обвинител кој ќе изврши малтретирање во вршење на службата врз полициски службеник на истиот начин на кој што тие нѐ гонат нас.
Или тие ќе нѐ апсат нас или ние ќе ги апсиме нив, но правда за жртвите, правда за Тоше и правда за колегите мора да има и ќе има!
 
 За жал на денешниот собир повторно не добивме поддршка од ниту еден друг полициски синдикат, но барем колегите уште еднаш можат да видат колку синдикати реално има во МВР.