Во периодот од 26 до 28.09.2025 година, делегација на НСП во состав Владимир Литовски – помошник генерален секретар, Томислав Павловски и Никола Гагоски – членови на претседателство, на покана на Samostalni Sindikat PS GP, остварија посета на Требиње, Босна и Херцеговина.
✅️ Во рамките на посетата, беше одржан и состанок на Балканската полициска унија каде беа договорени деталите околу проширувањето на унијата, на што веќе сериозно се работи, како и следните чекори на делување.
✊️ Независниот синдикат на полицијата како еден од основачите на Балканската полициска унија веќе е препознатлив и почитуван бренд далеку од границите на нашата држава.