️ На 21.10.2025 година во Битола, ја одржавме последната редовна седница на претседателството на НСП, пред годишното собрание.
✅️ На седницата беше направена рефлексија на сите активности кои беа реализирани согласно планот и одлуките од седницата во Велес, а тоа се Полицискиот камп во Банско, подигнувањето на спомен бистата во Пробиштип и јавниот собир пред ОЈО ГОКК.
Како севкупен заклучок е дека синдикатот во целост ги следи потребите, сугестиите и препораките на колегите и дека мора да продолжи единствено во таа насока. Низ последните два протести покажавме дека веќе постои критична маса која ја препознава искреноста во нашите настапи и е спремна застане зад вистинската идеја, но не смееме тука да застанеме и мораме да продолжиме во наредниот период со ист интензитет.
Во наредниот период како и вообичаено, ќе оствариме посета на организациските единици од каде ќе ги извлечеме насоките кон кои ќе се движиме, затоа што синдикатот не е раководството или претседателството, синдикатот е секој еден колега и член, синдикатот тоа си ТИ!